речник контакт

А место за паркирање?

Најавениот нов сообраќан режим ќе оневозможи диво паркирање на улица Благој Ѓорев

Петар Печков

 Со новиот сообраќаен режим ќе биде оневозможено незаконското паркирање по главната градска улица Благој Ѓорев. На тој начин околу 40 диви паркинг места ќе бидат избришани. Локалната власт предвидува решение за ова преку два нови паркинг простори кои ќе овозможат најмалку нови 60 легални паркинг места.

Првиот е уредување и поплочување  на паркингот кај ЕВН, кој сега најчесто е пуст и празен. Второто е уредување на лента за паркирање на улицата Наум Наумовски Борче, таа која е спроти ЕВН  во дворот на  Гимназијата. И онака сообраќајната а не го санкционира паркирањето на крстосниците, каде тоа не смее да се случува а во пракса сите сме сведоци дека го има, посебно пред Панини – вели градоначалникот Горан Петров

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »